Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, денеска соопшти дека од ЕУ ќе побара Револуционерната гарда на Иран да ја прогласи за терористичка организација.
– На состанокот на европските министри за надворешни работи в четврток, ќе предложам во координација со другите партнери Револуционерната гарда да биде ставена на листата на терористички организации, напиша Тајани на Х.
Тој додаде дека ќе побара и воведување санкции за поединци одговорни за репресијата врз иранските демонстранти.
– Загубите што ги претрпе цивилното население за време на протестите бараат јасен одговор, наведе Тајани.