Свет Инсајдер

Истрага против летонска европратеничка осомничена дека шпионирала за Русија

Претседателката на ЕП, Роберта Мецола овие наводи ги сфаќа многу сериозно и го упати случајот до Советодавниот комитет за Кодекс на однесување, истакна портпаролот на ЕП.

Истрага против летонска европратеничка осомничена дека шпионирала за Русија

Европскиот парламент почна истрага против летонската европратеничка Татјана Жданока откако медиумите објавија дека со години шпионира во корист на Русија.

Обвинувањата против Жданока беа објавени вчера во рускиот весник „Инсајдер“. Весникот тврди дека Жданока работела за руската Федерална безбедносна служба (ФСБ).

Претседателката на ЕП, Роберта Мецола овие наводи ги сфаќа многу сериозно и го упати случајот до Советодавниот комитет за Кодекс на однесување, истакна портпаролот на ЕП.

Жданока на својот Фејсбук профил објави видео во кое ги демантира тврдењата на Инсајдер.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top