Свет Вооружени напаѓачи

Исламска држава убила 14 лица во Авганистан

Жртвите на нападот се жители на провинцијата Дајкунди, кои сакале да ги пречекаат аџиите.

Исламска држава убила 14 лица во Авганистан

Вооружени напаѓачи убиле 14 лица и раниле четворица во централната авганистанска провинција Дајкунди, претежно населена со Хазари, објавија локалните медиуми.

Жртвите на нападот се жители на провинцијата Дајкунди, кои сакале да ги пречекаат аџиите.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, муфтијата Абдул Матин Кани, синоќа го потврди инцидентот, но не даде повеќе детали.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top