Свет

Иранската Црвена полумесечина соопшти за 82.000 погодени цивилни објекти во Иран

Во нападите врз Иран од страна на американските и израелските сили оштетени или уништени се повеќе од 82.000 цивилни објекти, соопшти денеска иранската Црвена полумесечина.

Оштетените структури вклучуваат 62.000 домови, 281 медицински центар, болници и аптеки, изјави шефот на организацијата, Пирхосеин Коливанд.

Тој додаде дека 498 училишта биле оштетени од директни напади или напади во нивна близина, а цел на нападите била и неговата организација. Ракети погодиле 17 пунктови за спасување и 12 спасувачки возила, рече Коливанд.

Тој укажа на инцидент во Лар, на југот на земјата.

– Ништо не остана од амбулантното возило додека се превезуваа повредени луѓе – рече тој во видео објавено од Црвената полумесечина.

To top