Свет Али Хамнеи

Иранците гласаат во вториот круг од парламентарните избори

Конечните резултати се очекуваат в понеделник, иако пребројувањето на гласовите во помалите изборни единици најверојатно ќе заврши порано.

Иранците гласаат во вториот круг од парламентарните избори

Иранците денеска гласаат во вториот круг за останатите испразнети места во Парламентот на Исламската Република, откако во првиот круг од изборите во март доминираше најголемата тврдокорна група, составена од поранешни членови на елитната Револуционерна гарда и поврзаната милиција Басиџ, како и други политичари лојални на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Жителите на 22 изборни единици низ државата ќе изберат 45 пратеници од 90 можни. Од нив, 15 се сметаат за умерени кандидати. Во главниот град Техеран ќе бидат избрани 16 пратеници меѓу 32 кандидати, сите од групата.

Конечните резултати се очекуваат в понеделник, иако пребројувањето на гласовите во помалите изборни единици најверојатно ќе заврши порано.

Иранскиот Парламент има секундарна улога во управувањето со земјата. Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи го има последниот збор за важни прашања во Исламската Република.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top