Свет

Иран се уште во „дигитален мрак“

Четири недели по почетокот на прекинот на интернетот во Иран, најголемиот дел од населението останува отсечен од недржавните извори за вести и со мал контакт со остатокот од светот.

Иран се уште во „дигитален мрак“

Четири недели по почетокот на прекинот на интернетот во Иран, најголемиот дел од населението останува отсечен од недржавните извори за вести и со мал контакт со остатокот од светот.

Netblocks, организација специјализирана за интернет блокади, денеска соопшти дека пред точно еден месец Иран потоналл во „дигитален мрак“ кога властите го „прекинаа пристапот до глобалниот интернет“.

Исклучувањето останува во сила, „нарушувајќи го правото на Иранците да комуницираат и да останат информирани“, напиша Netblocks на X. Блокадата на интернетот е најдолгиот постојан прекин во историјата на Иран до денес, пренесе ДПА.

Од првичните израелски и американски напади врз земјата на 28 февруари, повеќето Иранци имаат пристап само до ограничен внатрешен интранет кој содржи само содржини одобрени од државата.

Наспроти тоа, мал дел од војската и владејачките власти продолжуваат да го користат интернетот без ограничувања. Иранските медиуми исто така ги објавуваат своите вести на Telegram и X, кои се блокирани внатре во земјата.

Онлајн трговијата практично колабираше поради прекинатите комуникации, при што се погодени стотици илјади бизниси. Многу трговци се потпираат на платформите на социјалните медиуми како Instagram за да ги промовираат своите производи и услуги.

To top