Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и досега не го употребил своето најнапредно оружје, вели Министерството за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивна одбрана подолго од она што (непријателот) го планирал за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите денови“, додава тој. (МИА)