Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран не бара војна со Израел, но е подготвен да даде „соодветен одговор“ на израелските напади оваа недела врз ирански воени локации.
– Ние не бараме војна, но ќе ги браниме правата на нашата нација и земја, рече Пезешкијан на состанок на владата во Техеран.
– Ќе дадеме соодветен одговор на агресијата на ционистичкиот режим, додаде тој.