Годишната стапка на инфлацијата во Велика Британија се намали од јануарските 4 отсто на 3,4 отсто во февруари и беше најниска од септември 2021 година, објави денеска на својата веб-страница британската канцеларија за национална статистика (ONS).
Резултатите за февруари беа подобри од очекувањата на пазарите, кои предвидуваа инфлација од 3,5 отсто.
Цените во рестораните и хотелите се зголемени за шест отсто на годишно ниво, услугите за рекреација и култура за 5,4 отсто, но и во двата наведени случаи растот беше побавен отколку во јануари.
Годишната стапка на базичната инфлација во Велика Британија се намали во февруари се намали од јануарските 5,1 отсто на 4,5 отсто и сега е најниска од јануари 2022 година. (МИА)