Свет

Индија ќе инвестира 1,2 милијарди долари во проекти за вештачка интелигенција

Индискиот пазар за вештачка интелигенција ќе вреди 17 милијарди долари до 2027 година, според прогнозите на индиската невладина трговска асоцијација Наском.

Индија ќе инвестира 1,2 милијарди долари во проекти за вештачка интелигенција

Индиските власти денеска соопштија дека ќе инвестираат 1,2 милијарди долари во проекти за вештачка интелигенција.

Средствата ќе бидат искористени за поставување на ИТ инфраструктура и помош за финансирање на почетници во областа на вештачката интелигенција, се вели во соопштението на индиското Министерство за информатички технологии.

Пакетот „ќе го зајакне индискиот екосистем за вештачка интелигенција и ќе му овозможи да ја обликува иднината на вештачката интелигенција“, рече индискиот министер за информатички технологии Раџив Чандрасехар.

Индискиот пазар за вештачка интелигенција ќе вреди 17 милијарди долари до 2027 година, според прогнозите на индиската невладина трговска асоцијација Наском.

Најнови вести од Свет

To top