Свет Партнерство

Индија и Филипините потпишаа договор за стратешко партнерство

Индија и Филипините денеска потпишаа договор за стратешко партнерство, а премиерот Нарендра Моди изјави дека зајакнувањето на билатералните одбранбени врски е симбол на длабоката меѓусебна доверба меѓу Делхи и Манила, објави индиска новинска агенција.

Индија и Филипините потпишаа договор за стратешко партнерство

Индија и Филипините денеска потпишаа договор за стратешко партнерство, а премиерот Нарендра Моди изјави дека зајакнувањето на билатералните одбранбени врски е симбол на длабоката меѓусебна доверба меѓу Њу Делхи и Манила, објави индиска новинска агенција.

Веста за договорот е објавена по средбата на Моди со филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот, кој вчера пристигна во петдневна посета на Индија.

„Задоволни сме што денес донесовме одлука да ги подигнеме нашите односи на статус на стратешко партнерство. Исто така, формулиран е сеопфатен акционен план за да се извлечат конкретни резултати од ова партнерство“, рече индискиот премиер.

Моди, исто така, ѝ се заблагодари на филипинската Влада за осудата на терористичкиот напад на 22 април во Пахалгам, во кој загинаа 26 лица, и за поддршката на Индија во нејзината борба против тероризмот.

„Индија и Филипините се пријатели по избор и партнери по судбина. Ние сме обединети од Индискиот Океан до Тихиот Океан преку заеднички вредности. Нашето пријателство не е само нешто од минатото, туку е ветување за иднината. Ние сме посветени на мир, безбедност, просперитет и ред заснован на правила во Индо-пацифичкиот регион. Ја поддржуваме слободата на навигација во согласност со меѓународното право“, рече Моди.

Моди и Маркос пуштија во оптек поштенска марка по повод 75-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Индија и Филипините.

To top