Израелската армија предупреди околу 30 свои војници и офицери кои се бореле во Појасот Газа да избегнуваат патување во странство, откако пропалестински групи поднесоа тужби против нив за наводни воени злосторства, јавија израелските медиуми.
Најмалку осум од нив, меѓу кои и војници кои патувале за Кипар, Словенија и Холандија, биле предупредени веднаш да ги напуштат тие земји поради страв дека би можеле да бидат уапсени или испрашани, пишува порталот Инет.
Израелската војска во моментов не им забранува на војниците да патуваат во странство, но прави „проценка на ризик“ за оние кои служеле во Газа пред да го одобри нивното барање, се вели во извештајот. (МИА)