Свет детали

Идентификуван масовниот убиец од Прага: Ова е студентот кој уби најмалку 10 луѓе (ФОТО)

Давид Козак е идентификуван како мажот кој на Универзитетот во Прага уби десет лица.

Идентификуван масовниот убиец од Прага: Ова е студентот кој уби најмалку 10 луѓе (ФОТО)

Давид Козак е идентификуван како мажот кој на Универзитетот во Прага уби десет лица.

Како што пренесуваат чешките медиуми, Козак е студент на факултетот за уметност, на кој отворил оган.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е мртов, а мотивот на пукањето сè уште е непознат.

Инаку, според непотврдени информации во масовното пукање во Прага се убиени 11 луѓе, а ранети има најмалку 24.

На социјалните мрежи се објавени снимки кои прикажуваат уплашени студенти како се кријат, практично висејќи на самата зграда на факултетот.

Исто така, голем број луѓе се обидувале да избегаат од напаѓачот, па се создал хаос на улиците. Многумина од нив, со кренати раце претрчувале преку пешачките премини.

To top