Фудбалерите на Шкендија вечерва го играат еден од најважните натпревари сезонава. Противник им е екипата на Слован Братислава.
Екипата од Тетово за да ги задржи шансите за пласман во нокаут фазата од Конференциската лига на УЕФА потребна е победа и нови три бода. Во моментов по четири кола македонскиот првак е на 25.то место со четири бодови, а пласман во следната рунда обезбедуваат првите 24 екипи.
– Знаеме дека со три бода може да се доближиме до нокаут фазата. Во Скопје секогаш игравме добро, па дури и со посилните ривали. Подготвени да сме да одиграме квалитетно и да го победиме гостинскиот тим. Ќе дадеме максимум од нашите можности, а се надевам дека и среќата ќе биде на наша страна, изјави еден од најдобрите стрелци Бесарт Ибраими.
Почетокот на натпреварот што се игра на „Арената Тодор Проески“ е во 18:45 часот.