Свет

Хутите тврдат дека нападнале израелски и неколку американски бродови во Црвеното Море

Јеменските Хути денеска соопштија дека истрелале повеќе проектили врз израелскиот товарен брод MSC Silver во Аденскиот Залив, како и врз неколку американски бродови во Црвеното и Арапското Море.

Хутите тврдат дека нападнале израелски и неколку американски бродови во Црвеното Море

Портпаролот на оваа јеменска милитантна група Јахја Сареа изјавил дека во нападот на американските бродови биле користени дронови.

Тој, исто така, рече дека нападите на Хутите биле насочени и кон локации во јужниот израелски град Еилат.

Хутите почнаа да напаѓаат бродови во Црвеното Море во ноември во знак на одмазда за израелскиот напад врз Појасот Газа.

Теми на денот

To top