Свет Одел на лов

Хрватски министер тешко повреден во сообраќајна несреќа, едно лице загина

Причините за несреќата се истражуваат.

Хрватски министер тешко повреден во сообраќајна несреќа, едно лице загина

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа во близина на градот Жупања, во која едно лице загина.

Тој управувал со своето возило во кое немало други лица и се судрил со комбе чиј возач загинал.

Според неофицијални информации, Баножиќ утрово заминал на лов.

Причините за несреќата се истражуваат.

Баножиќ од болницата во Жупања е префрлен во Клиничкиот центар во Осиек.  (МИА)

To top