Апелацискиот суд на Холандија денеска ѝ нареди на холандската влада да го блокира целиот извоз на делови за борбените авиони „Ф-35“ во Израел во рок од седум дена, пишува „Ројтерс“.
„Неоспорно е дека постои јасен ризик извезените делови на ‘Ф-35’ да се користат за сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, истакна судот.
Тужбата против холандската влада беше поднесена од неколку групи за човекови права, вклучително и холандскиот разгранок на „Оксфам“, минатиот декември. Понискиот суд претходно не ѝ нареди на холандската влада да го запре извозот, иако рече дека, најверојатно, „Ф-35“ придонеле за прекршување на воените закони.
Тој исто така рече дека земјата има голем степен на слобода кога ги мери политичките прашања при одлучувањето за извозот на оружје. Ваквиот аргумент беше отфрлен од апелацискиот суд, кој вели дека политичките и економските интереси не го поништуваат јасниот ризик од кршење на правилата на војната.
Апелацискиот ниот суд исто така рече дека е веројатно оти „Ф-35“ биле користени во нападите врз Газа, што довело до неприфатливи цивилни жртви. Тој го отфрли и аргументот на холандската држава дека не мора да прави нова верификација на извозната дозвола.