Свет војна

Хезболах тврди дека е во директен конфликт со израелските војници во јужен Либан

Либанското движење Хезболах денеска објави дека неговите борци се во директен конфликт со израелските војници кои влегле во либанскиот град Хиам, на шест километри од границата со Израел.

Ова е првиот ваков директен конфликт пријавен од почетокот на војната меѓу проиранскиот Хезболах и Израел, објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.

„Откако гонеа“ единица на израелската армија која „се обидуваше да напредува“ во градот, борците на Хезболах „детонираа експлозивна направа и влегоа во директни судири“ со израелската армија, се вели во соопштението на движењето.

Хезболах денеска ја презеде одговорноста за 14 напади врз израелски позиции.

To top