А ракети на Хезболах во текот на ноќта го погодија Хаифа, третиот по големина град во Израел, соопшти израелската полиција, а израелските медиуми објавија дека 10 лица се повредени на северот на земјата.
Хезболах соопшти дека гаѓал воена база јужно од Хаифа со проектил „Фади 1“.
Медиумите јавуваат дека две ракети паднале на Хаифа на брегот на Средоземното Море, а пет паднале на Тиберија, на 65 километри.
Израелската војска соопшти дека воени авиони погодиле цели на разузнавачкиот штаб на Хезболах во Бејрут, вклучително и средства за собирање разузнавачки информации, командни центри и дополнителни инфраструктурни локации.
Во текот на изминатите неколку часа, воздушни напади ги погодија магацините за оружје на Хезболах во областа Бејрут, соопшти војската, истакнувајќи дека по нападите биле идентификувани секундарни експлозии, што укажува на присуство на оружје.