Хезболах, според нејзиниот заменик лидер, изразила отвореност за прекин на огнот со Израел.
Во телевизискиот говор, заменик-претседателот на организацијата поддржана од Иран, Наим Касем, рече дека ја поддржува соодветната иницијатива на претседателот на парламентот, Набих Бери.
-Ако непријателот продолжи со својата војна, теренот ќе одлучи. Не би молеле за решение. Ќе продолжиме, ќе се жртвуваме, се закани истовремено Касем.
Тој рече дека му верува на Бери, кој се смета за сојузник на Хезболах, во преговорите за евентуален прекин на огнот. Бери, наводно, одржува разговори со арапски и странски претставници кои го посетуваат Либан од минатата недела.
Во меѓувреме, израелската војска продолжи со воздушните напади и копнената офанзива во Либан. Хезболах исто така истрела десетици ракети кон Израел. (МИА)