Свет војна

Хезболах изгубил контакт со наследникот на Насрала: Израел ја гаѓаше неговата локација

Хезболах го загубил контактот со можниот наследник на покојниот лидер на таа организација Хасан Насрала, според извори од либанските безбедносни сили.

Хезболах нема слушнато за Хашим Сафиедин откако Израел во петокот ги нападна јужните предградија на Бејрут, гаѓајќи ја неговата локација, изјави извор за Си-Ен-Ен.

Сафиедин беше шеф на извршниот совет на Хезболах и до смртта на Насрала се сметаше за еден од најверојатните наследници на главната функција на организацијата.

Тој е братучед на Насрала од страната на неговата мајка и студирал со него во Иран во 1980-тите.

Соединетите Држави го прогласија Хезболах за терористичка организација во 1997 година, а во 2017 година го означија Сафиедин за терористичка организација.

To top