Израелски авиони нападнаа цели во Либан непосредно пред нападот бидејќи војската процени дека Хезболах се подготвува да изврши напад.
„Околу 100 израелски воени авиони погодија илјадници ракетни фрлачи на Хезболах во јужен Либан, насочени кон северен и централен Израел“, соопшти војската.
За време на воздушните напади, кои беа извршени во раните утрински часови денеска, беа уништени над 40 места во Либан, наменети за извршување напади врз територијата на Израел, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).