Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска ќе ја посети Јужна Кореја, каде ќе разговара за редефинирање на американските трупи во земјата.
За утре е предвидено Хегсет да се сретне со јужнокорејскиот министер за одбрана Ан Гју-бек. Средбата ќе биде посветена на воениот сојуз помеѓу двете земји и одбраната на Јужна Кореја од нуклеарно вооружената Северна Кореја.
Исто така ќе се разговара и за соработката во регионалната безбедност и кибернетичката и ракетната одбрана.
САД имаат распоредено 28.500 американски војници во Јужна Кореја.
Предвидено е Хегсет да ја посети и демилитаризираната зона на границата со Северна Кореја.