Свет сад

Харис и Волц се појавија заедно на нивниот прв предизборен собир

Претседателската кандидатка на американските демократи Камала Харис и нејзиниот штотуку назначен потпретседателски кандидат Тим ​​Волц во вторникот во Филаделфија го направија своето прво заедничко појавување во предизборната кампања, тргнувајќи од овој град на повеќедневна турнеја низ државите, коишто ќе бидат одлучувачки за изборот на новиот претседател на САД.

Харис и Волц се појавија заедно на нивниот прв предизборен собир

Претседателската кандидатка на американските демократи Камала Харис и нејзиниот штотуку назначен потпретседателски кандидат Тим ​​Волц во вторникот во Филаделфија го направија своето прво заедничко појавување во предизборната кампања, тргнувајќи од овој град на повеќедневна турнеја низ државите, коишто ќе бидат одлучувачки за изборот на новиот претседател на САД.

Претходно во вторникот, Харис го избра Волц, гувернерот на сојузната држава Минесота, отворен политичар и поборник за прогресивни политики од центталниот дел на САД, кој треба да ги придобие руралните бели гласачи за нејзината кампања.

Со намера да им го претстават својот тандем на Американците, само три месеца пред претседателските избори, Харис и Волц дојдоа пред повеќе од 10.000 луѓе на Универзитетот Темпл во Филаделфија. Харис го опиша потеклото на Волц како поранешен професор во средно училиште и фудбалски тренер, ветеран од Националната гарда и поранешен конгресмен, а потоа рече дека во ноември ќе има нова титула – потпретседател на САД.

„Тој е личност која на луѓето им дава чувство на припадност и потоа ги инспирира да сонуваат големи“, рече Харис.

Во своето обраќање, Вилц го опиша своето воспитување во малиот град Небраска, 24-те години служба во Националната гарда, претходните кариери како професор по општествени науки во средно училиште и фудбалски тренер.

„На кандидатурата ме поттикнаа моите ученици. Тие во мене го видоа она што се надевав дека ќе им го всадам: посветеност на општото добро, верба дека една личност може да направи разлика“, рече Волц.

Државата Пенсилванија, каде што го одржаа својот прв митинг, е една од клучните држави кога станува збор за затворање на изборните резултати меѓу демократите и нивните републикански ривали, поранешниот претседател Доналд Трамп и неговиот потпретседател, сенаторот ЏејДи Ванс.

„Оваа кампања, нашата кампања, не е само борба против Доналд Трамп. Нашата кампања, оваа кампања, е борба за иднината“, рече Камала Харис.

Волц го опиша Трамп како личност која не е способна да им служи на САД и се бори само за лична корист.

„Тој нема поим што е служење (на народот). Нема време за тоа, затоа што е премногу зафатен да им служи на своите интереси“, рече Волц и за поранешниот претседател рече дека „сее хаос и поделби“.

Волц беше избран во Претставничкиот дом во републикански округ во 2006 година и служеше 12 години пред да биде избран за гувернер на Минесота во 2018 година. Тој заговараше таканаречена прогресивна агенда која вклучува бесплатни оброци во училиштата, цели за справување со климатските промени, даночни намалувања за средната класа и продолжен платен одмор за работниците.

„Како гувернер, тренер, учител и ветеран, тој им служеше на работничките семејства како неговото“, рече Харис обраќајќи им се гласачите од индустриските центри.

Волц долго се залагаше за репродуктивните права на жените, но тој исто така покажуваше конзервативни склоности додека го претставуваше руралнниот округ во Конгресот, бранејќи ги интересите на земјоделците и поддржувајќи ги правата за поседување и носење оружје.

Трамп и Ванс брзо ги критикуваа Харис и Волц.

„Ова е најрадикалното левичарско дуо во американската историја“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Харис и Волц ќе се обидат да го надополнат моментумот што потпретседателката го доби откако стана демократски кандидат за претседател на 5 ноември, откако актуелниот Џо Бајден под притисок на сопартијците се повлече од трката за реизбор минатиот месец. Харис собра стотици милиони долари и ја преобликува трката против Трамп.

Најнови вести од Свет

To top