Свет

Хамас со ракети го нападна Тел Авив

Вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, соопштија дека денеска извршиле голем ракетен напад врз Тел Авив, а израелската војска активирале сирени во градот предупредувајќи за можен напад.

Во соопштението на својот канал Телеграм, бригадите Ал-Касам наведоа дека ракетите биле лансирани како одговор на, како што ги нарече, „ционистичките масакри врз цивили“. Телевизијата Ал Акса на Хамас јави дека ракетите биле истрелани од Појасот Газа.

Сирените што предупредуваат за ракетен напад не беа активирани во Тел Авив во изминатите четири месеци. Итната медицинска помош соопшти дека нема извештаи за жртви.

Нападот сигнализира дека исламистичката фракција се уште може да истрела ракети со голем дострел и покрај повеќе од седум месеци разорни израелски воени офанзиви од воздух и од земја.

Најнови вести од Свет

To top