Палестинската исламистичка организација Хамас денеска објави дека го прифатила договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците со Израел по 15 месеци војна предизвикана од екстремистички напад на јужна израелска територија на 7 октомври 2023 година.
Во соопштението, Хамас нагласи дека прекинот на огнот е резултат на легендарната непоколебливост на големиот палестински народ и храбриот отпор во Појасот Газа.
Израелските медиуми објавија и дека вооружени членови на Хамас се видени на улиците на Појасот Газа, по објавувањето на информациите дека ќе се постигне договор со Израел.