Министерството за здравство во Појасот Газа, кој е под контрола Хамас, денеска соопшти дека вкупно 34.097 лица загинале во палестинската енклава од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.
Само во последните 24 часа, според соопштението, загинале најмалку 48 лица.
Се посочува дека од почетокот на војната на 7 октомври минатата година, ранети се 76.980 лица.