Свет

Хамас до посредниците: Нема нови преговори

Палестинската милитантна група Хамас синоќа побара од посредниците да претстават план заснован на претходните разговори наместо да започнат нови преговори за договорот за прекин на огнот во Газа.

Минатата недела, лидерите на САД, Египет и Катар повикаа на разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, на 15 август во Каиро или Доха.

Израелските власти соопштија дека ќе испратат преговарачи на состанокот. Хамас првично рече дека сè уште ја разгледува поканата, но сега навестува дека може да остане надвор од новата рунда преговори.

-Нашето движење ги повикува посредниците да презентираат план за спроведување на она за што Хамас се согласи на 2 јули 2024 година, врз основа на визијата на Бајден и резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Посредниците треба да му го наметнат ова на окупаторот (Израел) наместо да водат натамошни рунди преговори или нови предлози кои ќе обезбедат покритие за агресијата на окупаторот и ќе им дадат повеќе време да го продолжат геноцидот врз нашиот народ, се вели во соопштението на Хамас.

To top