Свет идф

Халеви: Израел изведува нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека изведуваат нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан.

Претходно денеска, два брана напади беа изведени врз јужен Либан и долината Бека, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Началникот на Генералштабот на израелската војска, генерал-потполковник Херзи Халеви, по утринската проценка изјави дека на Хезболах нема да му се даде „да земе здив“ и дека армијата ќе ги засили своите акции против оваа терористичка група во Либан.

– Хезболах не смее да добие пауза. Мораме да продолжиме да делуваме со сета сила, нагласи тој. Халеви додаде дека ИДФ ќе ги засили офанзивните операции.

– Ситуацијата бара продолжување на интензивната акција на сите фронтови, рече Халеви.

Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство соопшти дека, според новиот биланс, во израелските напади врз Либан денеска и вчера се убиени 558 лица, од кои 50 деца и 94 жени, а 1,835 лица се ранети.

To top