Свет

Гувернерот на Тексас прогласи катастрофа поради влошените шумски пожари

Пожарите во северниот дел на државата загрозија и населени места кои мораа да се евакуираат.

Гувернерот на Тексас прогласи катастрофа поради влошените шумски пожари

Пожарникарите во Тексас се борат со неколку шумски пожари кои брзо се шират во американската сојузна држава.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот прогласи катастрофа за 60 окрузи во државата за „да се осигура дека критичните ресурси за справување со пожарите брзо се распоредуваат во областите во Тексас Панхендл кои се погодени од разорни шумски пожари“.

Пожарите во северниот дел на државата загрозија и населени места кои мораа да се евакуираат.

– Жителите на Тексас се повикани да ги ограничат активностите што можат да создадат искри и да преземат мерки на претпазливост за да ги зачуваат своите најблиски безбедни, рече Абот.

Огновите ги разгорува и силниот ветер. Абот очекува дека временските услови во регионот нема да се подобрат во наредните денови и оти шумските пожари би можеле да станат уште поголеми и поопасни.

Според американските медиуми, во пожарите за 24 часа изгореле повеќе од 780 квадратни километри земјиште и брзо се шират. Малиот тексашки град Канад во близина на границата со државата Оклахома е особено загрозен.

Најнови вести од Свет

To top