Свет Обединети нации

Гутереш: Блискиот Исток е на раб на поголема војна

Тој повика на итен прекин на израелските и американските напади врз Иран и нападите на Иран врз соседните држави.

Гутереш: Блискиот Исток е на раб на поголема војна

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска предупреди дека Блиски Исток е на раб на поголема војна.

Тој повика на итен прекин на израелските и американските напади врз Иран и нападите на Иран врз соседните држави.

– На работ сме на голема војна на Блискиот Исток, која ќе има драматични последици за целиот свет. Многу аспекти на конфликтот се нејасни, но едно е јасно: ако војната продолжи, таа ќе ескалира уште повеќе. Спиралата на смртта и уништувањето мора да се прекине, наведе Гутереш. (МИА)

To top