Свет МААЕ

Гроси загрижен поради можноста Израел да ги нападне иранските нуклеарни постројки

Тој наведе дека Иран на 14 април, еден ден по нападот врз Израел, ги затворил своите нуклеарни постројки „од безбедносни причини“.

Гроси загрижен поради можноста Израел да ги нападне иранските нуклеарни постројки

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека е загрижен поради можноста од израелски напад врз иранските нуклеарни постројки, но и дека инспекциите на тие објекти ќе продолжат денеска.

Тој наведе дека Иран на 14 април, еден ден по нападот врз Израел, ги затворил своите нуклеарни постројки „од безбедносни причини“. Тие беа повторно отворени вчера, а Гроси најави дека инспекторите денеска ќе продолжат со своите активности.

Израелскиот воен врв вчера предупреди дека ќе одговори на иранскиот напад, извршен како одговор на израелскиот воздушен напад на 1 април врз Конзулатот на Иран во Дамаск, во кој загинаа 13 луѓе, меѓу кои седуммина високи членови на Иранската револуционерна гарда.

To top