Свет за време на демонстрации

Грета Тунберг уапсена во Лондон

Во видео споделено од протестната група „Затвореници за Палестина“, Тунберг е прикажана како држи знак на кој пишува „Ја поддржувам акцијата „Затвореници на Палестина. Се спротивставувам на геноцидот“ за време на протестот пред канцелариите на „Аспен иншуренс“ во центарот на Лондон.

Грета Тунберг уапсена во Лондон

Климатската активистка Грета Тунберг е уапсена во центарот на Лондон за време на демонстрации во поддршка на штрајкувачите со глад од Палестинската акција.

Лондонската полиција објави дека 22-годишна жена е приведена поради истакнување транспарент во поддршка на забранетата организација „Палестинска акција“, што е спротивно на член 13 од Законот за тероризам од 2000 година, објавува Скај њуз.

Во видео споделено од протестната група „Затвореници за Палестина“, Тунберг е прикажана како држи знак на кој пишува „Ја поддржувам акцијата „Затвореници на Палестина. Се спротивставувам на геноцидот“ за време на протестот пред канцелариите на „Аспен иншуренс“ во центарот на Лондон.

Групата соопшти дека рано утринава ја нападнала компанијата бидејќи обезбедува услуги за израелската фирма за одбрана „Елбит Системс“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Пред да пристигне полицијата, двајца активисти ја испрскаа фасадата на зградата со црвена боја, по што полицијата интервенираше и изврши апсења. (МИА)

To top