Свет патриот

Грчкиот противракетен систем Патриот соборил две ирански ракети во Саудиска Арабија

Две ирански балистички ракети што се упатувале кон рафинериите на Саудиска Арабија утрово биле соборени од грчкиот противвоздушен и противракетен систем Патриот распореден во земјата, информираше министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава за државната телевизија ЕРТ, Дендиас објасни дека „на овој начин, грчкиот систем, пред сè, покажува колку е достоен за борба и какво искуство стекна сето ова време“, но и дека индиректно и јасно докажува дека го штити животниот стандард на грчките и европските граѓани.

– Континуираното зголемување на цената на нафтата е огромна закана за животниот стандард на Грците, на Европејците, на сите луѓе во светот. Создавањето инфлација и порастот на трошоците за живот исто така ни се закануваат и ова е исто така многу голема закана. А заштитата на рафинериите и единиците за производство на нафта, во овој момент, има огромно значење, посочи Дендиас.

Паралелно, им честиташе на припадниците на вооружените сили на грчкото воено воздухопловство во Саудиска Арабија за она што го постигнаа.

Извори од Министерството за национална одбрана на Грција за грчките медиуми објасниле дека грчкиот систем, во рамки на учеството во меѓународната иницијатива „Integrated Air Missile Defense (IAMD) Concept“ за поддршка на противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија, истрелал две ракети и соборил две балистички ракети.

To top