Свет Белата куќа најави дека ќе објави писмено резиме

Готови резултатите од медицинскиот преглед на Бајден, еве какви се

Медицинскиот преглед се врши додека демократот Бајден и 77-годишниот поранешен републикански претседател Доналд Трамп се подготвуваат да се соочат на претседателските избори на 5 ноември.

Готови резултатите од медицинскиот преглед на Бајден, еве какви се

Американскиот претседател Џо Бајден денеска беше подложен на годишен медицински преглед во воената болница во предградието на Мериленд.

Неколку часа по прегледот, тој изјави дека резултатите не се разликуваат од минатата година.

За време на минатогодишниот преглед на Бајден, лекарите објавија дека тој е здрав и „способен да ги исполни своите обврски“.

Белата куќа најави дека ќе објави писмено резиме за рутинскиот годишен медицински преглед на претседателот.

Како што јавуваат агенциите, резултатите од прегледот внимателно ќе се следат бидејќи 81-годишниот претседател бара реизбор на ноемвриските избори.

Медицинскиот преглед се врши додека демократот Бајден и 77-годишниот поранешен републикански претседател Доналд Трамп се подготвуваат да се соочат на претседателските избори на 5 ноември.

To top