Свет Пафос

Голем пожар на Кипар: Евакуирани населени места, побарана помош

Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека испраќаат за Кипар два канадери.

Голем пожар на Кипар: Евакуирани населени места, побарана помош

Голем пожар избувна во близина на градот Пафос во западниот дел на Кипар, нанесувајќи штета на домови и превентивно беа евакуирани неколку населени места, а и покрај интервенциите од копно и воздух, огнените јазици засега се вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот е во непрооден дел, гори сува трева, ниска вегетација и дрвја, а според портпаролот на противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис, земјата побарала помош со воздушни средства од Јордан, Израел, Грција и механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека испраќаат за Кипар два канадери. (МИА)

To top