Шефот на израелската дипломатија Израел Кац, изјави дека бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој го спореди израелското бомбардирање на Појасот Газа со Холокаустот, е непожелен во Израел.
– Нема да отстапиме. Сè додека бразилскиот претседател Лула не се извини и не ги повлече своите запаливи, антисемитски изјави насочени кон еврејскиот народ, тој ќе биде непожелна личност во државата Израел, истакна Кац.
Бразил синоќа го повика на разговор израелскиот амбасадор во Бразил. Претходно, бразилскиот амбасадор беше повикан на разговор поради изјавата на Лула.
На минатонеделниот самит на Африканска Унија, Лула наведе дека „тоа што се случува во Појасот Газа со палестинскиот народ не се случило во ниту еден друг момент во историјата“ и додаде: „Всушност, тоа се случи: кога Хитлер одлучи да ги убие Евреите“. (МИА)