Свет

Германски министер: Европа мора да се вооружи поради новите закани

Со оглед на тоа што европскиот безбедносен сојузник САД го пренасочува својот фокус на Индо-Пацификот, Европа мора брзо да обезбеди подобра одбрана бидејќи до крајот на деценијата може да се појават нови воени закани, изјави германскиот министер за одбрана.

Германски министер: Европа мора да се вооружи поради новите закани

Русија значително го зголеми производството на оружје со цел да ја нападне Украина и им се заканува на балтичките земји, Грузија и Молдавија, изјави Борис Писториус во интервју за Велт ам Зонтаг.

Во меѓувреме, САД најверојатно ќе го намалат својот воен ангажман во Европа бидејќи се повеќе се свртуваат кон Индо-Пацификот.

„Ние Европејците мора да бидеме поангажирани за безбедноста на нашиот континент. Имаме околу 5-8 години да фатиме чекор – во однос на вооружените сили, индустријата и општеството“, рече Писториус, истакнувајќи дека на регионот ќе му треба време да зголеми сопствено производство на оружје.

На Европа и е јасно дека можеби ќе треба да ја надомести и американската помош за Украина доколку Вашингтон не успее да се договори за ново финансирање, додаде тој.

„Изборот на нова полска влада која е попроевропска сега треба да му овозможи на Вајмарскиот триаголник од Берлин, Париз и Варшава дополнително да ја развива воената соработка“.

Писториус рече дека засега не предвидува дека германската армија ќе повтори мисии толку големи како оние извршени во Авганистан и Мали.

To top