Свет

Германија: Вработените трошат дури 22 отсто од своето работно време на бирократски задачи

Германија: Вработените трошат дури 22 отсто од своето работно време на бирократски задачи

Вработените во Германија трошат дури 22 отсто од своето работно време на бирократски задачи, покажа денеска објавеното истражување на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен, спроведено меѓу 450 германски менаџери.

Менаџерите се жалат на значителните суми пари што треба да ги одвојат за персоналот поради зголемената бирократија и новите законски барања, изјави истражувачот на ИФО, Рамона Шмид.

Според неа, компаниите сметаат и дека зголемувањето на бирократијата е товар за конкурентноста и претприемничката слобода, како и дека тоа влијае на инвестициските одлуки на компаниите.

Правните регулативи во Германија стануваат сè покомплексни во последните десет години, а речиси 80 отсто од компаниите кои учествувале во истражувањето биле принудени да ангажираат надворешни даватели на услуги за да ги исполнат бирократските барања.

Менаџерите проценуваат дека распределбите за бирократија изнесуваат во просек шест проценти од вкупните приходи од продажба, објавено е на веб-страницата на ИФО.

To top