Свет

Германија: Уапсени двајца осомничени за поддршка на проруски сепаратисти во Украина

Германските власти уапсија двајца мажи осомничени за поддршка на проруски сепаратисти во Украина, јавува ДПА, повикувајќи се на денешна објава на обвинителите.

Еден државјанин на Русија и еден германски државјанин биле приведени во источната сојузна покраина Бранденбург, која го опкружува Берлин, под сомнение дека поддржувале странски терористички организации, соопшти Федералното јавно обвинителство со седиште во Карлсруе.

Според обвинителството, овие две лица, од 2016 година имале водечки улоги во група која организирала транспорт на опрема, медицински производи и дронови во источниот украински регион Донбас, со цел поддршка на проруски сепаратисти од таканаречените „народни републики“ Доњецк и Луганск.

Проруските сепаратисти, под контрола на Москва, во 2014 година ги зазедоа главните градови на украинските региони Доњецк и Луганск и започнаа активности за нивно отцепување од Украина.

Русија нелегално ги анектираше двете територии по започнувањето на целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

To top