Германија денеска испрати уште еден пакет воена помош за Украина, вклучувајќи ракетни системи „Химарс“, противвоздушни системи и тенкови.
Украина доби 20 единици од пешадиското возило „Мардер“, 10 тенкови „Леопард“ 1 А5 со резервни делови, по еден противвоздушен ракетен систем со краток и среден дострел, три единици од ракетен систем „Химарс“, две единици од оклопното возило „Бибер“, како како и оклопно возило за поправка и спасување „Бергепанцер“, меѓу една и четири единици машини за расчистување мини „Висент“ и муниција, соопшти германското министерство за одбрана.
Досега Германија обезбеди или се обврза за воена помош за Украина во вредност од приближно 28 милијарди евра за следните години. (МИА)