Свет ОН

Генералниот секретар на ОН, Гутереш и египетскиот претседател Ал-Сиси го поздравија договорот за прекин на огнот во Газа

ОН се подготвени да го поддржат спроведувањето на овој договор и да ја зголемат испораката на хуманитарна помош за безбројните Палестинци кои продолжуваат да страдаат“, изјави Гутереш.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш и египетскиот претседател Ал-Сиси го поздравија договорот за прекин на огнот во Газа

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, постигнат синоќа меѓу Израел и палестинската вооружена групација Хамас, нагласувајќи дека „сега приоритет мора да биде ублажување на огромното страдање предизвикано од овој конфликт“.

„ОН се подготвени да го поддржат спроведувањето на овој договор и да ја зголемат испораката на хуманитарна помош за безбројните Палестинци кои продолжуваат да страдаат“, изјави Гутереш за новинарите.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, исто така, го поздрави договорот и ја истакна важноста на брзата испорака на хуманитарна помош за Појасот Газа.

To top