Војната на Израел против Хамас би можела да трае една генерација, а ослободувањето на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група мора да остане главен приоритет, изјави израелскиот министер за војна Бени Ганц.
Ганц вчера им соопштил на жителите на евакуираните заедници на југот на Израел дека е потребно итно ослободување на заложниците, јави израелскиот Канал 12.
-Има време да се уништи Хамас, нема повеќе време за заложниците, тие се приоритет во моментов, рече Ганц.
Според него, ќе биде потребно време за целосно отстранување на заканата од Хамас, а се очекува до лето да се воспостави релативна безбедност.
Ганц истакна дека израелските војници во Појасот Газа наскоро ќе стигнат до градот Рафа, што се граничи со Египет, пренесува „Тајмс оф Израел“.