Свет Тајмс оф Израел

Галант до Блинкен: Израел ќе го победи Хамас без разлика колку време ќе му биде потребно

„Ќе ја продолжиме оваа војна додека не победиме, не ја победиме организацијата Хамас, не ја лишиме од нејзините управувачки и воени способности и не ги вратиме сите заложници“, додаде Галант.

Галант до Блинкен: Израел ќе го победи Хамас без разлика колку време ќе му биде потребно

Израелкиот министгер за одбрана Јоав Галант на денешната средба во Тел Авив му соопшти на американскиот државен секретар Антони Блинкен дека на Израел ќе победи во војната во Газа против Хамас без разлика на тоа колку време ќе му биде потребно, пренесе „Тајмс оф Израел“.

-Ќе се бориме со Хамас додека не победиме – без разлика колку време ќе е потребно, изјави тој, истовремено благодарејќи им на Блинкен и на американскиот претседател Џо Бајден за нивната поддршка.

„Ќе ја продолжиме оваа војна додека не победиме, не ја победиме организацијата Хамас, не ја лишиме од нејзините управувачки и воени способности и не ги вратиме сите заложници“, додаде Галант, пренесен од израелскиот портал.

-Знаеме дека во однос на целите на операцијата, ние сме обединети со САД и навистина го цениме тоа, рече израелскиот министер за одбрана.  (МИА)

To top