Свет

Г7 ја разгледува можноста за намалување на горната граница на цената на руската нафта

Ограничувањето на цената на руската нафта до максимум 60 долари за барел беше воведено во декември 2022 година од земјите од Г7, Европската Унија и Австралија.

Г7 ја разгледува можноста за намалување на горната граница на цената на руската нафта

Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) ја разгледува можноста за намалување на горната граница на цената на руската нафта, потврди американскиот помошник државен секретар за енергетски ресурси Џефри Пајат.

„Краткиот одговор е да“, рече Пајат на директно прашање на агенцијата ТАСС.

Според него, Соединетите Американски Држави и нивните партнери се „посветени да работат на ускратување на Русија“ на приходите од продажба на енергенси.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно во март оцени дека намалувањето на ценовниот плафон на руската нафта на 30 долари за барел ќе има сериозни економски последици за САД. Лавров тогаш рече дека Москва се надева дека Вашингтон нема да донесе таква одлука.

Ограничувањето на цената на руската нафта до максимум 60 долари за барел беше воведено во декември 2022 година од земјите од Г7, Европската Унија и Австралија.

To top