Свет

ФРАНЦИЈА СЕ МАЈТАПИ СО НЕГО: Сликите на Макрон со боксерски ракавици предизвикаа бура на социјалните мрежи

ФРАНЦИЈА СЕ МАЈТАПИ СО НЕГО: Сликите на Макрон со боксерски ракавици предизвикаа бура на социјалните мрежи

Во вторникот, официјалниот фотограф на францускиот претседател објави две црно-бели фотографии на Инстаграм на кои се гледа Макрон со боксерски ракавици и боксерска вреќа пред него, пренесува „Фигаро„.

Весникот наведува дека некои корисници на социјалните мрежи го обвиниле фотографот дека прибегнал кон уредување за фотографијата да биде повпечатлива, а некои го споредиле Макрон со Роки Балбоа.

Сликите на Макрон со боксерски ракавици предизвикаа бура на социјалните мрежи:

Сопругата на Макрон, Брижит, минатата година во интервју за магазинот „Paris Match“ изјави дека тој редовно вежба бокс два пати неделно.

На 8 јануари, Макрон се фотографираше со боксерски ракавици на рамо во кратко видео на неговиот профил X, 200 дена пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз, според „Фигаро“.

Најнови вести од Свет

To top