Свет Метео-Франс

Франција погодена од топлински бран со „историски интензитет“

„Исклучителен топлотен бран продолжува и се шири: црвениот аларм останува на сила на југозапад до среда, а денеска стигнува до Рона, Изер, Дром и Ардеш“, објави метеоролошката агенција „Ла Шејн“, која истакна дека станува збор за „голем топлотен бран со историски интензитет“.

Франција погодена од топлински бран со „историски интензитет“

Топлински бран со „историски интензитет“ ја погоди Франција, особено југозападниот и централно-источниот дел од земјата.

Метео-Франс издаде црвено предупредување за топлотен бран во 14 департмани, со прогноза дека топлината ќе се интензивира денеска во регионот Оверњ-Рона-Алпи, пишува Ле Фигаро.

„Исклучителен топлотен бран продолжува и се шири: црвениот аларм останува на сила на југозапад до среда, а денеска стигнува до Рона, Изер, Дром и Ардеш“, објави метеоролошката агенција „Ла Шејн“, која истакна дека станува збор за „голем топлотен бран со историски интензитет“.

Температурните рекорди беа срушени вчера во департманот Нова Аквитанија – 42,1 степени беа измерени во Бержерак и 41,6 степени Целзиусови во Бордо. (МИА)

To top