Свет евакуиран цел град

ФОТО: Исланд ја чека вулканската ерупција – Во текот на ноќта 370 земјотреси, градот Гриндавик тоне

Имено, под полуостровот Рејкјанес е формиран долг тунел од магма, кој се протега под Гриндавик, а потоа југозападно до морето. Експертите проценуваат дека магмата е на околу 800 метри под површината, пишува Гардијан.

ФОТО: Исланд ја чека вулканската ерупција – Во текот на ноќта 370 земјотреси, градот Гриндавик тоне

Жителите на југозападниот дел на Исланд нервозно ја чекаат најавената ерупција на вулканот.

Дури и ако нема ерупција на магма, веројатно ќе поминат месеци пред евакуираните од опасната зона да се вратат дома.

Риболовниот град Гриндавик (со околу 3.400 жители) беше евакуиран пред една недела бидејќи огромно количество магма татне под земја, предизвикувајќи илјадници земјотреси. Сеизмичката активност веќе го оштети градот, оставајќи зад себе голема пукнатина што минува низ Гриндавик.

Betaphoto (AP Photo/Brynjar Gunnarsson)

Исландската метеоролошка служба вели дека ерупцијата најверојатно ќе се случи некаде по должината на тунелот со магма од 15 километри, при што „главна локација“ е областа северно од Гриндавик, во близина на планината Хагафел.

Имено, под полуостровот Рејкјанес е формиран долг тунел од магма, кој се протега под Гриндавик, а потоа југозападно до морето. Експертите проценуваат дека магмата е на околу 800 метри под површината, пишува Гардијан.

Дел од градот потона за еден метар

Западниот дел на Гриндавик потона за повеќе од еден метар од минатиот петок и продолжува да тоне со брзина од околу четири сантиметри дневно.

Доколку дојде до ерупција, може да дојде до значителна штета на локалната инфраструктура и ослободување на отровни испарувања.

Блиското геотермално одморалиште Blue Lagoon, една од најдобрите туристички атракции на Исланд, е затворен барем до крајот на ноември поради закана од ерупција.

Betaphoto (AP Photo/Brynjar Gunnarsson)

Евроазиската и северноамериканската плоча се оддалечуваат една од друга, по неколку сантиметри секоја година.

Но, таква ситуација, односно евакуација на целиот град, немало во последните 50 години. Жителите можеби ќе треба да чекаат со недели пред да биде безбедно да се вратат.

Надлежните им дозволиле пет минути да се вратат дома, да земат скапоцености и домашни миленици.

„Не очекуваме експлозивна ерупција, иако тоа не е нужно добра работа. Ерупција со низок интензитет може да значи излевање на лава од низа пукнатини со недели. Исланд се бори со пристигнувањето на лавата на различни начини, но природата секогаш победува ако ерупцијата трае доволно долго, вели Метју Робертс од Националната метеоролошка служба.

-Очекуваме вулкански ерупции долж целиот полуостров, а не само на едно место. Оваа нестабилност може да трае со децении, додаде тој.

Утрово полуостровот Рејкјанес го погоди земјотрес со јачина од 3,7 степени. Од полноќ, северно од Гриндавик се регистрирани 370 помали земјотреси.

To top