Свет изјава

Фон дер Лајен: Војната со Иран ги чини Европејците милијарди евра сметки за енергија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги истакна економските последици од конфликтот на Блискиот Исток за Европејците поради големата зависност на ЕУ од увоз на фосилни горива.

Фон дер Лајен: Војната со Иран ги чини Европејците милијарди евра сметки за енергија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги истакна економските последици од конфликтот на Блискиот Исток за Европејците поради големата зависност на ЕУ од увоз на фосилни горива.

„Од почетокот на конфликтот, цените на бензинот се зголемија за 50 отсто, а цените на нафтата за 27 посто“, изјави фон дер Лајен денеска во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур, Франција.

„Ако го преведете ова во евра: 10 дена војна веќе ги чинеа европските даночни обврзници дополнителни три милијарди евра (3,5 милијарди долари) увоз на фосилни горива“, рече таа. „Тоа е цената на нашата зависност“.

Нејзините забелешки следат по презентацијата на новите енергетски иницијативи на ЕУ вчера, вклучувајќи го и планираното воведување на нови, помали нуклеарни реактори до почетокот на 2030-тите за да се зголеми производството на енергија во блокот.

Фон дер Лајен изјави дека комисијата во моментов проценува дополнителни мерки за намалување на сметките за енергија, вклучително и ограничување на цените на бензинот.

Откако руската целосна инвазија на Украина во 2022 година предизвика вртоглаво зголемување на цените на енергијата во Европската Унија, последиците од војната во Иран се втор пат за неколку години цените на енергијата во ЕУ да се зголемат поради геополитички конфликти.

Фон дер Лајен нагласи дека неодамнешните напори за диверзификација на добавувачите на фосилни горива ги ограничуваат последиците од конфликтот на Блискиот Исток.

„Но, ова не значи дека сме имуни на ценовни шокови.

Енергетските пазари се глобални“, рече таа. „Без разлика што правиме во однос на мерките, сè додека увезуваме значителен дел од фосилните горива од нестабилни региони, ние сме ранливи и зависни“, додаде таа.

Теми на денот

To top