Свет

Фон дер Лајен во вторник ќе ја презентира новата ЕК во Европарламентот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во вторник на 17 септември ќе го претстави новиот состав на Колеџот на комесари во Европскиот парламент, информира денеска заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста.

Фон дер Лајен во вторник ќе ја презентира новата ЕК во Европарламентот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во вторник на 17 септември ќе го претстави новиот состав на Колеџот на комесари во Европскиот парламент, информира денеска заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста.

На новинарско прашање дали е можно Фон дер Лајен да го презентира составот на ЕК „минус еден еврокомесар“, имајќи го предвид одолговлекувањето на потврдувањето на новопредложената словенечка кандидатка за членка на Европската комисија, Марта Кос, чија номинација беше најавена во понеделникот по повлекувањето на претходниот кандидат Томаж Весел, Подеста изјави дека Комисијата не коментира процеси што се во тек и не би сакала да коментира „што ако ситуации“.

Подеста не сакаше да ги коментира ниту информациите дека Весел ја повлекол својата кандидатура, откако Фон дер Лајен побарала од словенечката Влада да предложи нов кандидат, бидејќи „номинираниот не е доволно добар“, повикувајќи се на принципот на доверливост во коресподенцијата.

Фон дер Лајен требаше вчера да го презентира предлог-составот на нејзината нова Комисија на средба со првите луѓе на пратеничките групи во Европарламентот, но состанокот на нејзино барање беше одложен за следната недела, кога во Стразбур се одржува пленарно заседание на ЕП. Официјално, Фон дер Лајен побарала одлагање на средбата додека не добие официјална номинација на словенечката кандидатка за еврокомесарка Кос.

Повлекувањето на Весел уследи по информациите дека Фон дер Лајен побарала од некои земји членки, меѓу кои и Словенија, да ги заменат своите предложени кандидати мажи со жени, со цел да се постигне колку што е можно поголема родова еднаквост во новото извршно тело на ЕУ. Претходно и Романија го замени својот кандидат за еврокомесар со кандидатка.

Најнови вести од Свет

To top